Странските инвеститори можат да започнат бизнис во Македонија за осум дена, со шест процедури и минимален основачки капитал од 310 илјади денари (6.800 долари). Главни критериуми на Светската банка, покрај времето потребно за започнување на бизнис, се можноста за инвестирање во различни сектори, процесот на добивање на земјиште, како и арбитражата во случај на потреба. Македонија има највисок индекс за заштита на сопственичките права, а приватно земјиште се изнајмува за 13 дена, додека за државно се потребни 79 денови. Странските инвеститори можат да бидат целосни сопственици во сите сектори во Македонија, освен во авиотранспортот, каде странската сопственост е лимитирана на 49 отсто. Добри се оценките и за законодавството за арбитража при евентуални спорови Извештајот на Светската банка „Прекугранично инвестирање 2010“ оценува дека Источна Европа и централна Азија се најотворени региони во светот за вложувања и странско сопствеништво.
Странските инвеститори можат да започнат бизнис во Македонија за осум дена, со шест процедури и минимален основачки капитал од 310 илјади денари (6.800 долари), покажа новиот извештај на Светската банка „Прекугранично инвестирање 2010“.
Главни критериуми на Светската банка, покрај времето потребно за започнување на бизнис, се можноста за инвестирање во различни сектори, процесот на добивање на земјиште, како и арбитражата во случај на потреба.
Македонија има највисок индекс за заштита на сопственичките права, а приватно земјиште се изнајмува за 13 дена, додека за државно се потребни 79 денови, се наведува во извештајот.
Странските инвеститори можат да бидат целосни сопственици во сите сектори во Македонија, освен во авиотранспортот, каде странската сопственост е лимитирана на 49 отсто. Добри се оценките и за законодавството за арбитража при евентуални спорови
Извештајот на Светската банка „Прекугранично инвестирање 2010“ оценува дека Источна Европа и централна Азија се најотворени региони во светот за вложувања и странско сопствеништво.